Профил на компанијата

Започнува со работа во далечната 1989 година како самостојна трговска продавница во тоа време како С.Т.Д – Шартекс основана од Алексовски Љубе. Главна дејност беше продажба на текстилни производи за домаќинство како ( пешкири, постелнини, јоргани, перници, ќебиња...)

Во 1990 година преминува од С.Т.Д – Шартекс во фирма Шартекс – ДООЕЛ – Тетово, каде што започнува со продажба на мало на кабаст текстил ( теписи, теписони, патеки, гумени подлоги..) После две години работа продавницата ја менува локацијата во поголема продавница на Градскиот Стадион во Тетово која работи и ден денес. Во 1993 година Шартекс се проширува и отвара втора продавница во центарот на Тетово на улицата Маршал Тито, која исто така се занимава со продажба на кабаст текстил. Во 1994 година компанијата започнува да се занимава и со продажба на големо со свој магацински простор во Тетово. Поради добрата работа компанијата повторно се проширува. Овој пат Шартекс отвара нова продавница во Скопје. Во 1998 година Шартекс ја отвара првата продавница во Скопје на улицата Џон Кенеди во општина Чаир. Во 2002 година Шартекс гради нов магацински простор од 1200м2 во индустрискиот дел на општина Кисела Вода – Скопје каде што продолжува со прдажба на големо. Во 2004година Шартекс продолжува да се проширува и во Скопје. Во општината Карпош ( Карпош 4, кај старата Радио Телевизија) отвара модерна продавница од 360м2 која служи за продажба на мало на сите видови подни облоги. Во 2010 година Шартекс ја отвори најголемата и најсовремената продавница во Македонија од 1680м2 која служи за продажба на мало на сите видови подни облоги. Таа се наоѓа на индустрискиот дел во општина К.Вода на патот Скопје – Драчево. Новитет за оваа продавница е продажба и на паркети и ламинати.

Во пеpиодот од 1993-1999 Шартекс беше застапник на “Proleter”- Зрењанин и “ ITI “ – Ивањица од Србија. Од 1999 година па се до денес Шартекс е застапник на повеќе Белгиски фабрики кои се занимаваат со производство на теписи, теписони, патеки, индустриски подови, линолеум подови... Од оваа година Шартекс е застапник и на германската компанија “ Tarkett која произведува паркети и ламинати.

Карактеристично за компанијата Шартекс е што работи преку големопродажба и преку сопствена малопродажба со сопствена монтажна и екипа и сопствен превоз. Започна како семејна фирма а денес Шартекс брои 20 работници.